Ова го потенцира новиот јапонскиот амбасадор во земјава, Хиронори Савада во екслузивното интервју за МИА, одговарајќи на прашањето дали Јапонија гледа стабилност во Македонија, во смисол на инвестирање во земјава.
Не мал е бројот на компании што во овој момент се интересираат за учество на проектот за изградба на првите две фази од пругата кон Бугарија, вели во интервју Хари Локвенец, директор на ЈП Македонски железници Инфраструктура
Антонио Илиоски уште од шест годишна возраст покажал љубов кон музиката и одлучил да се посвети на музичка кариера
Влегувањето во НАТО и придвижувањето кон ЕУ, какво-такво, не става на колосек од кој не можеме да одиме лево или десно, мора да движиме право како што налага пругата. Што поскоро одиме во тој правец, полесно ќе ги решаваме и проблемите, вели претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.
Тековните потреби и понатаму ќе се сервисирааат непречено. Во најголема криза пензиите ги исплаќавме порано, редовно се исплаќаат платите и не се доцни со обврските
Медицинскиот кадар кој работи во лабораториите и останатите во здравствениот сектор никогаш не се доволни, и здравствените работници се разболуваат, имаат разни здравствени проблеми, апаратите се расипуваат, се сервисираат и сето ова ја усложнува работата и издавањето на резултатите
Oтворени сме за дијалог и унапредување на културната соработка со сите соседи. Еден од приоритетите во мојата работа е да ја продлабочам таа соработката. Дотолку повеќе што сите ние на Балканот, како наследници на големите империи, споделуваме заедничко културно наследство што е добра основа за меѓусебен дијалог и взаемно почитување
За застапеноста на жените во политичките процеси во интервју за МИА разговаравме со Даниела Антоновска, експертка по родова рамноправност, магистер по родови студии со 18-годишно работно искуство во оваа областа во домашни и меѓународни невладини организации.
Во овој момент оптимално решение е да се продолжи со онлајн настава. Оптимално решение ако на прво место ја ставиме пандемијата и да го заштитиме здравјето на нашите деца и на повозрасните
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА уверува дека Јавното обвинителство е подготвено и со целосна посветеност и залагање ќе пристапи кон примената на одредбите од новиот Закон за јавно обвинителство што денеска стапи на сила
Две пораки би испратил. Едната, како човек. Да внимаваат, да продолжат да го прават она што им го велат експертите и лекарите за ситуацијата секогаш да биде под контрола и да немаат проблеми со нивното здравје.
Александар Ивановски, поранешен даночен инспектор во Управата за јавни приходи во Скопје, денеска раководи со секторот за даночна политика во Европската Фискална Конфедерација во Брисел, организација на даночни асоцијации и институти во Европа
За два до три пати е зголемен бројот на пациенти со ургентна патологија на Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ – Скопје, позната како стара Градска болница од почетокот на епидемијата на Ковид-19
Рестрикциите кои што произлегоа од состојбата со коронавирусот имаат влијание врз сите, но тоа е повеќе изразено кај некои групи на граѓани
МПЦ-ОА, снисходливо го слуша гласот на властите и државата во заштита на животот на народот и длабоко сочувствува и сострадува, како со заболените и болните од секакви болести, па и од Ковид-19 и мајчински се моли за нивно оздравување
Земјите-членки одлучија да ги отворат преговорите со Македонија. Нема враќање назад, преговарачкиот воз замина од станицата и вие сте во него
Италија се соочува со деликатна ситуација што зафаќа глобални размени, но, како што оцени италијанскиот амбасадор во земјава Карло Ромео во интервјуто за МИА, италијанската Влада навремено реагирала на вонредната состојба предизвикана од опасноста од епидемијата од Ковид 19, што беше позитивно оценето од Светската здравствена организација и од Европската Унија
Француската пратеничка Лилиана Танги од редовите на Републиката во движење на претседателското мнозинство, по потекло е од Македонија, во интервју за МИА зборува за европските перспективи на нашата држава и француската позиција
„Кога страста е придружена со љубопитност, храброст и креативност, тогаш сте на пат кон земјата на чудата – место од кое не ќе сакате да се вратите никогаш“
По овие избори би требало да се направи обид за еден политички консензус во однос на концептот техничка влада
Дали Народната банка, како и претходните години, и оваа година останува на одржување на ценовната стабилност, односно дали денарот ќе биде стабилен?
Ако не ги средиме состојбите во правосудството и ако конечно не завладее правото, бизнисот ќе го изнесе капиталот надвор, ќе регистрира компании во Прешево, Сандански, Солун...
Вештачката интелигенција, како што вели, е веројатно новиот клучен збор, не само во организациите за заштита на податоците туку и во поширокото општество
И покрај тоа што најдобрата работа што ја направи оваа власт беше решавањето на големите национални прашања, односно ставање во рамка на сите национални прашања што ја тиштеа државата во последниве три децении, сепак особено потфрли во делот на испорачување на правдата, изјави Љупчо Петковски
Вработувањата и формалното започнување со работа западнаа во лавиринтите на бирократијата, но замирисаа и зачините од партиските кујни. Новиот в.д. директор најавува претстава и формирање на ансамблот
Разбираме дека сигналот кој што беше даден е многу негативен и не сакаме тоа да предизвика реакција против Франција и против нејзиниот став, но таа порака треба да биде сфатена дека не станува збор за негативна активност кон Македонија
Наместо да ја преземе палката за влијание и притисок и да ја искористи првата можност што ѝ се даде за да застане зад нашата земја, Грција, за жал, само немо го следеше Самитот во Брисел, вели министерот за локална самоуправа и претседател на ЛДП, Горан Милевски
Министерот говори и за процесот на ресоцијализација и дерадикализација на тие лица откако ќе се вратат во државата и признава дека во затворите, кои се еден од главните извори на насилни екстремни идеологии, не се прави доволно во овој поглед
Д-р Виолета Бучковска е офталмолог и медицински директор на очната болница „Деница“. Својата кариера ја започнала на Клиниката за очни болести пред повеќе од дваесетина години
По последната лидерска средба немало официјална комуникација на ниво на претседатели на партии помеѓу него и претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, а лидерска е можна ако претходно се постигне приближување во ставовите на двете страни
Велика Британија ја поддржува евроатлантската интеграција на Северна Македонија и се надева дека Европскиот совет на самитот во октомври на земјата ќе и даде датумот за почеток на преговорите за членство во ЕУ, вели британската амбасадорка во Скопје
Професор Величковска, долги години сте со Фестивалот, го изучувате изворниот мелос. Вие сте на теренот секоја година во селекцијата на изведувачите низ цела држава на изворните инструменти и песни
Црквата-мајка го разгледува секој случај во духот на љубовта и единството, секогаш имајќи ги на ум духовната полза и спасението на верните.
Од оваа година 5 мај е Ден на македонскиот јазик во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945-та за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо и озаконувањето на првиот правопис со што беше кодифициран македонскиот јазик
По две години од претходното гостување на Скопскиот филмски фестивал, познатата српска актерка Мирјана Карановиќ повторно дојде за отворање на неговото 22 издание
Николчо Стоилков е роден во 1985 година. Живеe во Ново Село. Татко е на две деца. Mагистер е на правни науки, а правен факултет завршил на Факултетот за правни науки „Јустинијан Први“. Претседател е на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Ново Село, работи во Царинската управа
За Преспанскиот договор, тој рече дека е историско достигнување и една од ретките добри вести во таков поларизиран свет што придонесува за регионалната стабилност
Таа е хероина, жена-борец за правата на ромската зедница во Македонија. Од пред два дена ја носи европската титула на непозната хериона – Ромка активистка. Заедно со уште 13 жени од седум земји од соседството, Несиме Салиоска од Прилеп е добитник на првата награда од двете жени-активистки од Македонија кои во Брисел беа прогласени за „непознати хероини“
Медиумската саморегулација и медиумската писменост се алатките во борбата против дезинформациите познати како лажни вести. На пропагандата и сензационализмот, да се спротиставиме со квалитет и професионално новинарство, порачува претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски во интервју за МИА.
Пoлитичките партии се дел од парламентот каде што се донесуваат законите и имаат одговорност да ги почитуваат зaконите што самите ги изгласале. Така најлесно ќе излеземе на правиот пат, а ДКСК ќе работи согласно надлежностите утврдени со закон.
Дваесет отсто од светската популација вечерва ќе ја испрати старата и ќе ја пречека кинеската Нова година. Вечерва се слави кинеската Нова година, што претставува најважниот празник за Кина и за кинеските граѓани и оние во земјата и оние кои се раселени на сите континенти во светот.
Владата на Алексис Ципрас на гласањето доверба во средата „преживеа“ откако 151. решавачки и пресуден глас го доби од пратеникот Спирос Данелис.
Смета дека во дадените околности со Договорот од Преспа е постигнато најдоброто за Македонија, секако и за Грција, направен е баланс. Договорот е најдоброто можно решение за двете страни и ако се помести балансот за да биде подобар за едната или за другата страна, немало да има договор, туку национални позиции.
Одливот на инженерскиот кадар, признавањето на овластувањата на инженерите, најавената нова регулатива во градежништвото, урбанизмот и просторното уредување, решенијата за намалување на загадувањето, се темите на кои разговаравме со Миле Димитровски, претседател на Комората на овластени архитекти и и инженери.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во интервју за МИА во Брисел за преземањето на претседателството со РЕСПА (Регионална школа за јавна администрација), говори за реформата во јавната администрација како еден од трите клучни услови за добивање датум за преговори со ЕУ.
Најголемата музичка ѕвезда на овие простори и миленик на сите генерации Здравко Чолиќ по четири годишна пауза на 10 и 17 ноември ќе одржи два големи коцерта во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Легендарниот Чола е едно од ретките имиња на поранешната југословенска естрада, кое во своите 40 години солистичка кариера опстојува со речиси ненамалена популарност.
Традиционално, секоја година, Бугарската телеграфска агенција (БТА) на различни локации низ Бугарија, регионот и светот организира средба на бугарските новинари. Годинава „среќниот добитник“ за нивната средба е македонскиот главен град.
Преспанскиот Договор е уникатна прилика за помирување и затворање на дводеценискиот спор помеѓу Скопје и Атина и оваа прилика може да не се повтори веќе, порачува високата претставничка за безбедносна инадворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини во интервју за МИА.
Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА ги повикува граѓаните во недела да го поддржат референдумот. Вели дека очекува мирен ден и смета дека изборните органи професионално ќе си ја завршат работата.
Неделава потпишавте договор со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за 100 милиони евтини кредити за мали и средни претпријатија. Кога и како компаниите ќе можат да аплицираат за овие средства?
Новинарката Даниела Трпчевска, чија вест беше првата што МИА ја објави на 30 септември 1998 година, во интервју по повод 20 години од работењето на агенцијата се осврна на случувањата „некогаш и денес“.
Поранешниот генерален директор за проширување на Европската Комисија, Пјер Мирел, во интервју за МИА објаснува дека Македонија требаше да биде одвоена од Албанија за доделувањето датум за старт на преговори и вели дека жали поради одлуката на Франција да го одложи овој процес.
Проблемот со прекумерниот излов на риба од Охридското Езеро е повеќедецениски, но истиот е особено изразен последните години. Научната фела тоа го знае, но стопанисувањето со рибниот фонд во езерото не е во нејзин домен.
Го почнавте седумгодишниот мандат на гувернер, а доаѓате од позиција вицегувернер, дали може да се очекува промена на монетарната политика во наредниот период и дали НБРМ ќе остане на основната цел задржување на стабилниот курс на денарот?
НАТО веќе има донесено одлука дека Македонија ќе добие покана за членство, откако ќе го реши спорот за името со Грција и таа одлука е донесена на Самитот во Букурешт во 2008 година, а сега откако договорот е постигнат поканата ќе пристигне кога ќе биде финализиран во двете земји.
Се вративте од Годишните средби на Европската банка за обнова и развој. Најавивте повеќе крупни капитални проекти како и инвестициски грантови за повеќето од нив. Од каде интересот на меѓународните инвестициски банки за доделување неповратни средства?
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Робертсон е лидерот на новоформираната неформална „Група Охрид“ за поддршка на Република Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ.
-Навистина сум задоволен, мислам дека Македонија заслужува јасна поддршка, и крајно време е после толку години, падови и успони, да се продолжи по патот кој беше планиран пред многу години.
Пармаковска за МИА зборува зошто го избира романот како форма на творечко изразување, за „одбројувањето“ пред да се донесат важни одлуки, за себе како писател, но и како читател...