Француската пратеничка Лилиана Танги од редовите на Републиката во движење на претседателското мнозинство, по потекло е од Северна Македонија, во интервју за МИА зборува за европските перспективи на нашата држава и француската позиција, како и за можноста за деблокирање на почетокот на преговорите.

Г-ѓо Танги, која е вашата позиција за проширувањето на Европската Унија и посебно кон земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија?

-Што се однесува до проширувањето, јас отсекогаш се залагав за проширување кон другите земји од Западен Балкан, Северна Македонија е дел од нив. Јас и понатаму останувам на таа линија. Но исто така сметам дека е потребен европски консензус по ова прашање, поради тоа ние сакаме еволуција на методологијата на зачленување во Европската Унија.

Вие имате редовни контакти со македонските пратеници и сигурно ви е познато дека француското вето беше многу лошо доживеано во земјата.

-Ефективно го разбирам разочарувањето на Северна Македонија и на нејзините раководители. Таа направи напори за реформи на правосудниот систем, го смена името на земјата што е многу силен акт и политички беше одлучено од владата на Заев. Го сфаќам разочарувањето и македонците не треба да се обесхрабруваат. Тоа не е дефинитивно вето, ние имаме намера да напредуваме кон отворање на преговорите, но под услов на преиспитување на постапката за зачленување, како што посакуваше претседателот Макрон и извршната француска власт.

Г-ѓо Танги дали се надевате дека ревизијата на методологијата за преговори ќе биде прифатена пред самитот во Загреб?

-Јас се надевам и имам впечаток дека постои волја да се постигне задоволувачки резултат за сите земји членки и дека тоа ќе биде позитивно за Северна Македонија. Во моментов се водат дискусии во Европската комисија и парламент и се надевам дека ќе најдеме терен на разбирање и промена на методологијата, која ќе биде прифатена од сите, за да се дозволи на самитот во Загреб да постигнеме ситуација, што ќе биде задоволувачка за сите, односно успех, како што рече претседателот Емануел Макрон.

Постои ли надеж дека датумот за почеток на преговорите може да биде одлучен во март или не треба да се загреваат надежите на населението во Северна Македонија.

-Не треба да се вика победа веднаш, потребно е согласност на ниво на 27, знаете тоа не е секогаш лесно кога се однесува на прашања за иднината на Европа. Прашањето за проширувањето е всушност како сакаме да функционираме во иднина во рамките на ЕУ. Тоа бара време на размислување и продлабочени дискусии. Идеално би било да се има датум за почеток на преговорите уште во март, но мислам дека е многу пореално да се очекува тоа на самитот. Но, јас не сум во тајните на дискусиите во Брисел и неможам да ви гарантирам, но мислам дека тие се на добар пат и остава да се надеваме на поволен исход.

Какво е расположението во однос на проширувањето во Комисијата за надворешни и европски прашања во француското национално собрание каде вие заседавате?

-Во Комисијата за европски прашања, во која сум член и заменик претседател, јас го предложив ова прашање на дневниот ред, засега ние сакаме да завршиме други извештаи кои се во тек пред да го отвориме ова. Но затоа пак во Комисијата за надворешни работи ние работиме на ова прашање и се надевам дека ќе имаме една мисија и извештај по ова во текот на 2020 година. Во Националното собрание ние сме добро свесни дека постои вистински влог за време хрватското претседателство. Ние го примивме хрватскиот амбасадор во Франција, кој ни потврди дека проширувањето е еден од приоритетите на хрватското претседателство. Односно, да се постигне согласност до самитот во Загреб, Ние ја следиме еволуцијата на дискусиите и во двете комисии. Француското национално собрание се грижи за ова прашање, се разбира. Но засега работите се во рацете на извршната власт, а ние како парламентарци сакаме да дадеме придонес на размислувањето. Поради тоа неколку пратеници од комисијата за надворешни работи предвидуваме да организираме меѓупарламентарна конференција за Балканот во Париз, пред идниот самит на процесот од Берлин.

Дали постојат ризици доколку Северна Македонија и Албанија не започнат со преговорите?

-Мислам дека постојат ризици, поради тоа јас се залагам за проширувањето, односно за отворање на преговорите за да започнеме почеток на зачленувањето. Но да биде строг, повидлив и поконкретен за граѓаните на овие земји, тука е и волјата за реформа на процесот, тоа е предлогот на Франција. Но ако нема охрабрување кое доаѓа од ЕУ, се плашам дека тоа може да ги дестабилизира политички земјите и посебно Северна Македонија и на крајот им остава повеќе простор на помалку европски и повеќе популистички политички сили. Всушност, тоа е она против кое ние сакаме да се бориме, јас како социјал-либерал, се борам против развојот на сите форми на антиевропски и антидемократски сили. Значи поради ова постојат разици ако не се даде зелено светло набрзо.

Дали имате совети за вашите пријатели во Македонија за да остане отворена вратата на ЕУ.

-Мислам дека треба да се зачува надежта, и да се каже дека интеграцијата ќе биде поуспешна ако тргнеме на подобра основа односно да изградиме заедничка европска иднина со Северна Македонија, затоа и реформата која треба да доведе конкретно до почеток на преговорите подобрување за граѓаните на земјата, да и се помогне да се развие и да си ја зачува младината во земјата.

Да се зачува напорот, бидејќи постојат прашања кои треба да се подобрат, како во правосудството, борбата против корупцијата, организираниот криминал. Сето ова се причини поради кои треба да се продолжи да се верува.

Дали може да се рече дека во Франција во Париз има омекнување на позицијата за почеток на преговорите?

-Да, мислам дека од извршната власт има волја да не бидат лошо разбрани, треба да се подобри функционирањето на процесот пред да се ангажираме на патот на членството. Тоа е пораката која Франција сака да им ја пренеси на земјите кандидати. Мислам дека нештата еволуираат позитивно.

Вие сте француска пратеничка, по потекло од страна на татко ви сте од Македонија, по мајка ви од Хрватска, родени сте во Србија, дали тоа ви помага да имате подобра визија од вашите колеги од Франција кога станува збор за регионот ?

-Мислам дека со тоа што имам потекло од овие земји од регионот и познавањето на културата и менталитетот на населението на овие земји тоа е предност за да се промовира зголеми соработка меѓу мојата и овие земји. Бидејќи културната компонента треба да се земи во предвид. Тоа е вистина за сите нивоа, како економската и спортската размена, културата треба да се земи во предвид. Минатата недела учествував на конференција на Француската агенција за развој за културната компонента во развојот на идните инвестиции во овие земји од француски инвеститори. Ние ја ставивме во прв план културата, која е клучен фактор за да ја зголемите соработката со земјите од Западен Балкан и да дозволиме да француските инвестиции се реализираат во овие земји. Не знам дали моето потекло е предност, но јас знам да направам поделба на нештата, Јас сум француска пратеничка и јас сум способна да имам извесна објективност, па дури и ако сум приврзана со овие , но сигурно тоа ми дозволува да имам поцелосна и попродлабочена визија и пошироко познавање на овие земји, кои според мене се малку познати во Франција и националното собрание. Но ние работиме со други мои колеги, кои немаат врски со овие земји и кои се исто така вклучени и инвестирани, и сакаат да ја променат француската визија во насока на поголема соработка со земјите од Западен Балкан, што во секој случај го посакува и претседателот на републиката.

Вие сте првата пратеничка со македонско потекло која што заседава во француското национално собрание.

-Вистина тоа не е често, и разбирам што во соодветните земји предизвикува задоволство, бидејќи си велиме дека има едно лице кое е со потекло од кај нив и можеби ќе може подобро да не разбере . Всушност потребна е размена меѓу народите, меѓу државите за да можеме подобро да се разбереме, да се приближиме и да заедно изградиме подобра иднина.


Администратор
15/02/2020 21:49