Во 2024 година биле организирани 560 ликовни изложби и во споредба со 2023 нивниот број е зголемен за 1%, објави Државниот завод за статистика.
Во истиот период, за 29.4 % е зголемен бројот на ликовните уметници учесници на изложбите, а за 27.6 % е зголемен и бројот на посетителите на ликовните изложби.
Во 2024 година се организирани 18 ликовни колонии и бројот на учесниците во колониите е зголемен за 25.6 % во споредба со 2024 година.