Добитниот тикет на американската лотарија кој изнесува награда од 1,05 милијарди долари е купен во една продавница на компанијата „Крогер“ во предградие на Детроит, во сојузната држава Мичиген, и тоа е трета најголема добивка во историјата на игри на среќа во САД.
И покрај новиот карантин, Англичанецот Бен Хоган успеа да ја запроси својата девојка, и тоа – со помош на робот.
Ограничување на загадувањето на воздухот до препорачаните нивоа на СЗО може да спречи 50.000 предвремени смртни случаи годишно во Европа, се наведува во студијата објавена во списанието Лансет Планетари Хелт (Lancet Planetary Health).
Португалскиот град Порто е на прво место според листата „Смол сити индекс“, за релативно мали градови кои се доста погодни за пристоен живот. Рангирањето е составено од британското списание „Монокл“ и опфаќа 25 градови.
Голема експлозија се случи во нашата галаксија, огромен блесок одекна низ Сончевиот систем.
Стан, што зафаќа цел кат од кулата „Риц-Карлтон резиденции“ во Мајами, Флорида, САД, чини 21 милион долари и е навистина фантастично, луксузно место за живеење
Сопственикот на компаниите „Тесла“ и „Спејс-Икс“, Илон Маск, кој неодамна беше прогласен за најбогат човек на светот, повторно се најде на второто место на листата најбогати, откако неговото богатство падна за скоро 14 милијарди долари за еден ден.
Германската осигурителна компанија „Мјуних Ре“ (Munich Re) соопшти дека природните катастрофи мината година предизвикале штета од 210 милијарди американски долари ширум светот.
Истражување спроведено од фондацијата „Британско срце“ (The British Heart), открива – за колку време на децата им здодева една нова играчка…
Сега кога вакцините против Ковид-19 почнуваат да се шират, многу луѓе можеби сонуваат за еден ден кога ќе можат да патуваат, да купуваат и да одат повторно на кино.