Досегашните искуства покажуваат дека вакцинацијата е еден од начините со кои што се можеме да се справуваме со инфективните заразни заболување, посебно со оние кои што се многу заразни и имаат висока стапка на смртност, како што е случај со Ковид-19, вели доц. д-р Мери Киријас од Институтот за имунологија.

Според неа, во рок од шест месеци по имунизацијата против коронавирусот, може да бидеме сигурни дека постои заштита од Ковид-19, но може да се очекува тој временски период да биде и подолг.

– Се надеваме дека ќе нема потреба од повторни ревакцини, меѓутоа не можеме со сигурност точно да го кажеме тоа само ради моментот со она што го гледаме се мутациите кај вирусот и не знаеме во која насока ќе се движат во наредниот период и дали вакцините ќе бидат доволно ефикасни. Меѓутоа, тоа времето ќе покаже дали ќе има навистина потреба од тоа или не, потенцира д-р Киријас.

Таа нагласува дека присуство на антитела во организмот значи заштита од Ковид-19 и не е важна колкава бројката на антитела, бидејќи заштитата не е само од нив, туку е важен и клеточниот имунитет којшто останува како меморија.

– Така што лицата ќе имаат и антитела и клеточен имунитет. Колку долго ќе трае, ќе видиме. Засега немаме податоци, меѓутоа секако се очекува дека една година ќе трае тој имунитет, додава д-р Киријас.

Во врска со досега познатите нус појави по вакцинацијата, освен ретката појава на поврзаноста на појавите на згрутчување на крвта и вакцината на „Астра Зенека“ што ја потврди и Европската агенција за лекови (ЕМА), Киријас вели дека во САД по примањето на вакцината на „Фајзер“ се регистирани и појави на минлив фацијалис, а имало и случаи со тромбози, меѓутоа не е потврдено дали тие се причинско-последично поврзани или не.

– Претпоставувам дека и за другите, зависно колку внимателно се следат ќе дознаваме нови и нови информации ако навистина има такви или ќе останеме само на оние очекувани несакани реакции – ден до два после апликација на вакцините, додава Киријас.

Таа нагласува дека официјалните препораки се дека вакцинацијата и ревакцинацијата треба да бидат со истиот тип вакцина, бидејќи се уште не се знае колкава би била ефикасноста и што би можело да се очекува доколку првата и втората доза да бидат од различни производители,

– Претпоставувам дека во наредниот период кога ќе имаме информации, препораките ќе се менуваат. Меѓутоа, во моментов препораката стои дека и втората доза (на вакцината) треба да биде од истиот производител, потенцира Киријас.

Во однос на забелешките на антиваксерите е дека мРНК-вакцините, во кои спаѓаат оние на „Фајзер“ и „Модерна“ можат да ќе предизвикаат промена на ДНК-та на примателот, д-р Киријас нагласува дека ваквите тврдења немаат логика и тоа биолошки не е можно.

– Таа мРНК влегува во цитоплазмата на клетката и тука останува. Тука од таа мРНК се создава протеин, а ДНК се наоѓа во јадрото на клетката. Јадрото, како што знаеме сите, е обиколено со мембрана, значи не може ни да навлезе таму оваа мРНК, ниту некако да се врзе. Таа останува во цитоплазмата, се создава протеинот и таа се распаѓа. Таа е нестабилна молекула. Значи, не може никако да дојде ниту до ДНК, ниту да се вгради во неа, тоа се тотално неосновани тврдења, нагласува Киријас.

Во продолжение следи целосното интервју на доц. д-р Мери Киријас за МИА.

Во земјава почна вакцинацијата на населението. Но, кај одреден процент од граѓаните постојат резерви кон вакцините или кон некои од нив. Колку се основани овие стравувања?

Мислам дека не се основани. Тоа е една проблематика, која не е само кај нас туку и во целиот свет има луѓе кои се резервирани во однос на вакцините, меѓутоа историски гледано, меѓутоа и сегашните бројки кажуваат дека вакцинацијата е еден од начините со кои што се справуваме со инфективните заразни заболување, посебно оние кои што се многу заразни и имаат висока стапка на смртност. Тоа е и сега случај со Ковид-19, каде што гледаме дека имаме земји каде што има помасовна вакцинација, има ефекти од истото.

Колкав временски период трае резистентноста на ковид-вирусот по имунизацијата и дали доколку пандемијата продолжи и следната година ќе биде потребен нов круг на вакцинација?

Да, за жал точен одговор на тоа прашање нема, затоа што е премногу кус временскиот период и од клиничките испитувања, но и од масовната апликација на одредени вакцини. Секако, во период што поминува, за период од некои шест месеци по вакцинацијата, сме сигурни дека се уште има заштита, меѓутоа, според проценките и знаењата од претходно, очекуваме дека тоа ќе биде и подолг временски период. Дали ќе има потреба од повторни ревакцини ние сите се надеваме дека нема да треба, меѓутоа не можеме со сигурност точно да го кажеме тоа, во моментот она што го гледаме се мутациите кај вирусот и не знаеме во која насока ќе се движат во наредниот период и дали вакцините ќе бидат доволно ефикасни. Во однос на тоа е всушност и прашањето што се наметнува за дали ќе бидат потребни ревакцини, дали ќе треба да бидат малку модификувани за да можат да одговараат на новите соеви или мутации на вирусот. Меѓутоа, тоа времето ќе покаже дали ќе има навистина потреба од тоа или не.

Европската агенција за лекови (ЕМА) потврди дека постои поврзаност помеѓу појавите на згрутчување на крвта и вакцината на „Астра Зенека“, но дека таа појава многу ретка. Дали има други нус појави регистрирани од другите вакцини?

Вака сериозни или навистина многу ретки несакани ефекти имаше со „Фајзер“ вакцината со минлив фацијалис, нели парализа на нервосфацијалис, како една од поретките несакани ефекти што беше пријавена, за другите нема нешто друго да сме слушнале. Имало некои пак случаи со тромбози со „Фајзер“, меѓутоа исто така се уште не се потврди дали се причинско-последични поврзани или не. Ова се сега случаевите нели за „Астра Зенека“ после помасовна апликација на истата вакцина. Претпоставувам дека и за другите, зависно колку внимателно се следат ќе дознаваме нови и нови информации ако навистина има такви или ќе останеме само на оние очекувани несакани реакции – ден до два после апликација на вакцините.

Тоа што спомнавте кај „Фајзер“ вакцините е регистрирано кај нас?

Не, во светот. Во Америка. Кај нас немам податоци. Мислам дека такви случаи беа многу, многу ретки. Во Америка имаше неколку.

Дали и кога се создаваат антитела по вакцинацијата и колкаво треба да е нивото на антитела кај лице кое прележано Ковид-19 за да може да се вакцинира?

Често пати сега кружат тие информации со анализа на антитела, па бројки. Генерално нема студија која што докажа дека одредена бројка штити повеќе во однос на друга бројка за предноста за концентрација на антитела. Значи, присуство на антитела значи заштита, не е важна колкава е таа бројка од моменталните информации коишто ги имаме. Тоа значи особа која што прележала КОВИД има заштита и заштитата не е само антителата. Тоа е нешто што ни е померливо и затоа нели сега се зборува толку, меѓутоа тука е и клеточниот имунитет којшто секако останува како меморија, како памтење кај индивидуите.

Во однос на вакцинацијата исто така се создаваат и едната и другата гранка од имуниот систем се вклучени, така што лицата ќе имаат и антитела и клеточен имунитет. Колку долго ќе трае, како што кажав, ќе видиме. Засега немаме податоци, меѓутоа секако се очекува дека една година ќе трае тој имунитет.

„Фајзер“ и „Модерна“ се т.н. мРНА-вакцини, „Астра Зенека“ и „Спутник“ аденовирусни, додека „Синофарм“ е покласичен тип на вакцина, базирана на деактивиран вирус. Можете ли накусо да ни објасните кои се разликите меѓу овие вакцини?

„Фајзер“ и „Модерна“ тие мРНА или вакцини базирани на информационата или месинџер РНК, тоа е всушност носачот во којшто е вметната секвенцата за синтеза на С протеинот, тоа е оној спајк протеин на површината на коронавирусот којшто е одговорен или главен што се спојува со рецепторите на површината на хуманите клетки, на тој начин ги инфицира. И тоа е оној протеин или дел од вирусот према којшто нашите антитела се насочени и со коишто всушност го неутрализираат или блокираат. Токму поради тоа беше одбран тој дел од вирусот како мета или цел во вакцините. И всушност оваа месинџер РНК се обвиткува во една липидна партикла и така се внесува интрамускулно во организмот.

Тука целта е да биде преземена од мускулните клетки, дел од дедритичните клетки да биде обработена односно ќе биде прикажан тој протеин и како таков на имуниот систем само му се кажува ова вака изгледа спајк протеинот, па тогаш нашите имуни клетки почнуваат да создаваат антитела и почнуваат да создаваат, нели, пантички клетки насочени точно према тој спајк протеин. МРНК е многу нестабилна молекула. Кога ќе ја заврши својата функција, односно ќе го создаде тој спајк протеин којшто ќе биде прикажан таа се распаѓа.

Кај аденовирусните вакцини тука носачот е аденовирус, значи друг е носачот, а иста е информацијата за спајк протеинот ставена во геномот на аденовирусот, само што ова се нереплицирачки аденовируси. Значи, генот што е одговорен за размножување на вирусот е изваден. Со тоа кога ќе биде аплицирана вакцината всушност само тој вектор помага да влезе внатре во клетката и да се пренесе информацијата, односно повторно да се синтетизира тој спајк протенин. Бидејќи е нереплицирачки вирус тој изумира, го нема само во тие клетки, а понатаму имуниот систем повторно се активира со цел да се создадат антитела, клетки према тој спајк протеин.

А во однос на инактивираниот вирус тука го имаме вирусот на корона којшто е инактивиран и како таков тој веќе нема можност да зарази некого, меѓутоа му се задржани имунолошките карактеристики, тоа го викаме имуногеноста. Значи, нашиот организам кога ќе биде тој внесен ќе го препознае како туѓ и ќе почне да се активира со создавање на антитела, меѓутоа не е доволно моќен, односно е инактивиран, не може да направи инфекција.

Значи, во првите два случаи не е можна инфекција затоа што ние не внесуваме цел вирус, односно само секвенца за тој еден протени, а во последниот случај со инактивираниот вирус не може да дојде до инфекција затоа што тој е уништен, односно инактивиран, а може само да биде препознаен од имуните клетки како туѓ.

Претпоставувам дека и за другите, зависно колку внимателно се следат ќе дознаваме нови и нови информации ако навистина има такви или ќе останеме само на оние очекувани несакани реакции – ден до два после апликација на вакцините.

Една од забелешките на антиваксерите е дека тие мРНА-вакцините ќе предизвикаат промена на ДНК-та на примателот и создадат еден вит мутант од него. Колку ваквите тврдења имаат основа?

Нема логика. Нема логика затоа што мРНК односно со таа липардна партикла влегува во цитоплазмата на клетката и тука останува. Тука од таа мРНК се создава протеин, а ДНК се наоѓа во јадрото на клетката. Јадрото, како што знаеме сите, е обиколено со мембрана, значи не може ни да навлезе таму оваа мРНК ниту некако да се врзе. Таа останува во цитоплазмата, се создава протеинот и таа се распаѓа. Таа е нестабилна молекула. Значи, не може никако да дојде ниту до ДНК ниту да се вгради во неа, тоа се тотално неосновани тврдења. Биолошки не е можно.

Дел од нашите граѓани се вакцинираа во Србија. Сега ќе им претстои ревакцинација. Прашањето ми е дали ако се изврши првата вакцинација со еден тип вакцина, дали ревакцинација треба да биде со истата вакцина или е можна и вакцинирање со друга?

Да, тоа се сега малку поактуелно прашање. Според моменталната ситуација, препораката официјална е дека ревакцината мора да биде со истиот тип на вакцина. Така е и од производителите, така е официјално и од американската Администрација за храна и лекови (ФДА) или од Европската агенција за лекови (ЕМА). Меѓутоа во моментов постојат неколку студии коишто работат на тоа да видат колкава ќе биде ефикасноста од вакцините ако се комбинираат првата и втората доза да бидат од различни производители. Значи, во моментов има студии за тоа прашање, меѓутоа не можеме да го препорачаме нели како официјално затоа што не знаеме колкава би била ефикасноста и нели што би очекувале. Претпоставувам дека во наредниот период кога ќе имаме информации за истото, препораките ќе се менуваат. Меѓутоа, во моментов препораката стои дека треба да биде од истиот производител и втората доза.


Администратор
10/04/2021 12:39