Македонија и Велика Британија се блиски партнери во изминатите 20 години и сега сте нашиот 30-ти НАТО сојузник. Како земји ги делиме истите вредности и стоиме рамо до рамо, заедно како дел од најуспешната Алијанса во историјата, вели амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј во интервју за МИА.

Членството во НАТО, според Галовеј е индикатор дека се направени реформи во Македонија, но нагласува дека тој позитивен тренд мора да продолжи и обезбеди подобрување на секојдневниот живот на сите граѓани.

За Брегзит и како тоа ќе влијае на односите со нашата земја, британската амбасадорка нагласува дека Велика Британија ја напушти Европската унија, но не ја напушти Европа и дека нашата блиска соработка ќе продолжи да се зацврстува и да расте во иднина.

– Велика Британија е број 1 странски директен инвеститор во Македонија. Нашата трговска размена порасна за 40 проценти минатата година. Наскоро ќе го потпишеме и билатералниот Договор за парнерство, размена и соработка, кој ќе помогне во оформувањето на нашето пријателство во иднина, вели Галовеј во интервју за МИА.

За справувањето со корона кризата во Велика Британија и последиците врз економијата, но и за тоа како влијае на преговорите за излез од ЕУ и на глобалната политичка сцена, може да прочитате во продолжение на целото интервју.

– Македонија и Велика Британија се блиски партнери во изминатите 20 години. Велика Британија е воодушевена што Македонија сега е 30-тиот НАТО сојузник. Како земји ги делиме истите вредности и стоиме рамо до рамо, заедно како дел од најуспешната Алијанса во историјата. Колективната безбедност често се зема здраво за готово, но е важна за осигурување на слободата на говор, демократијата, безбедноста и економскиот просперитет. Самото членство е и индикатор дека се направени реформи во Македонија, позитивен тренд кој мора да продолжи и ќе обезбеди подобрување на секојдневниот живот на сите граѓани.

– Нашата блиска соработка ќе продолжи да се зацврстува и да расте во иднина. Велика Британија е број 1 странски директен инвеститор во Македонија. Нашата трговска размена порасна за 40 проценти минатата година. Наскоро ќе го потпишеме и билатералниот Договор за парнерство, размена и соработка, кој ќе помогне во оформувањето на нашето пријателство во иднина. Ова не само што ќе ја поттикне стоковата размена меѓу нашите две држави, туку и обезбедува рамка за поголема идна соработка и понатамошен развој на политичките, економските, социјалните и културните врски.

Велика Британија ја напушти Европската Унија, но не ја напушти Европа. Ќе продолжиме да бидеме глобална нација, која нуди слободна размена на добра и ќе можеме да ги дефинираме нашите билатерални врски со други земји. Велика Британија е целосно посветена на регионалната стабилност и безбедност во Западен Балкан и од 2017 година четири пати повеќе ја имаме зголемено нашата поддршка преку билатералните програми во регионот. Ние сме силен партнер на Македонија и даваме силна поддршка за евро-атлантските интеграции на земјата. Ќе продолжиме да работиме во насока на поддршка на земјата кон градење на просперитетно и инклузивно општество.

– Периодот за транзиција завршува на 31 декември 2020 година. Ова е и загарантирано во британските закони. Велика Британија нема план да побара продолжување на периодот за транзиција. Нашата цел е да работиме брзо, целосно сме посветени на преговорите и бараме алтернативни начини како да ги продолжиме истите.

– Лично им посакувам секое добро и побрзо заздравување на Мишел Барние и колегата Дејвид Фрост. Нашите совети се јасно претставени кон сите граѓани за тоа што треба да прават за да се спречи ширење на коронавирусот. Остануваме во близок контакт и со Европската Комисија за изнаоѓање на алтернативни начини да ги продолжиме преговорите, согласно настанатата ситуација со коронавирусот и ќе се водиме согласно препораките на научниците. Претходната структура за преговорите веројатно ќе се смени согласно настанатата ситуација. Разгледуваме и други флексибилни опции во оваа структура во наредните недели, вклучувајќи одржување на повеќе дискусии отколку поставување на ограничена структура на преговори.

– Ги поздравуваме мерките кои ги донесе Владата за спречување на ширење на коронавирусот во Македонија. Мобилната болница која се наоѓа во склоп на Клиничкиот центар во Скопје беше резултат на заемна соработка на инженери од македонската армија и градот Скопје. Ова е одличен пример за добра соработка на институциите во зголемување на капацитетите на Клиниката за инфективни болести. Меѓуинституционалната соработка е од огромно значење, особено во овие критични времиња. Заедничката работа во градењето капацитети за пациентите кои се заразени со корона вирусот е важно за оддржување на македонскиот здравствен систем.

– Велика Британија е светски лидер во подготовка и справување со заразни болести, како и во истражување и развој на вакцини. Нашиот пристап ќе биде секогаш предводен од страна на медицински експерти. Велика Британија ја зајакнува подготвеноста на ранливите земји, изнаоѓајќи решенија со вакцини, поддржувајќи ја глобалната економија и овозможувајќи им на граѓани кои патуваат во светот да се вратат во своите домови, онаму каде што е неопходно.

Во однос на тоа што Велика Британија има направено дома, имаме воспоставен акциски план предводен од науката, кој се справува со оддржување на влијанието на овој вирус. Ја советуваме јавноста да се адаптира на социјалното дистанцирање и имаме најави за затворање на оние услуги кои се од забавен и интерактивен карактер, согласно препораките на Научниот одбор за препораки во итни случаи. Тука ги вклучуваме и оние кои можат да работат од дома.

Мислам дека многу може да се научи со размената на искуства. Ова претставува многу голем предизвик и светот треба да соработува, да разменува идеи и добри пракси.

– Економските предизвици со кои се соочуваме и со кои ќе се соочиме во иднина несомнено ќе бидат големи и за решавање на истите ќе биде потребен заеднички глобален пристап.

Во Велика Британија ние веќе спроведуваме фискален и монетарен план, со кој им овозможивме на фирмите да продолжат со својата работа со достапни заеми и грантови кои им ги овозможи Владата. Банката на Англија даде поддршка во висина од 200 милијарди фунти, со намалување на каматната стапка од 0.1% која е најмала во историјата. Спроведовме и мерки за овозможување на безбедност и поддршка на бизнисите и поддршка на оние кои нема да можат да работат.

На меѓународен план поддржуваме силен и координиран економски пристап кој е од огромно значење за менаџирање и редуцирање на економските штети, како и за осигурување дека луѓето ќе имаат пристап до есенцијални добра кои им се потребни. Клучно е да продолжиме да ја штитиме и промовираме слободната трговија за време на, но и после оваа меѓународна криза.

– Светот после Ковид-19 ќе се смени на начини кои се уште не можеме ни да ги замислиме. Ние мора да препознаеме дека нашите пријатели и сојузници ни помагаат дури и во време кога се соочуваат со големи предизвици во своите земји.

На 26 март, Велика Британија најави нова помош од 210 милиони фунти или вкупно 250 милиони фунти како поддршка на Коалицијата за подготовка за епидемиолошки иновации, со цел забрзување на развојот на нова вакцина за Ковид. Британија најави и 40 милиони фунти за развој на нови лекови и 23 милиони за истражување во областа на дијагностиката.

Европската унија најави 37 милјарди евра за граѓаните, регионите и земјите кои се најтешко погодени од коронавирусот. За Македонија тоа ќе значи 4 милиони за итни потреби и 50 милиони за социо-економско опоравување. Македонија е дел од иницијативата на Европската унија која овозможува олеснување на транспортот и трговијата на стоки, од заедничкиот договор за набавка на материјали и штотуку се приклучи на ИСА2 со цел да овозможи интероперабилност на јавната администрација. Ова ќе направи вистинска разлика во животот на луѓето.

САД штотуку одобрија 274 милиони долари кои ќе бидат достапни како втора транша во интернационалниот фонд за коронавирус, од кои 100 милиони ќе бидат алоцирани за Европа. Американско-европската команда овозможи воздушна поддршка за транспорт на стоки во регионот. Последна ваква поддршка беше превозот на респиратори од Норвешка до Македонија и Црна Гора.

Исто така, и НАТО е тука. Процесот на рефлексија кој го претстави НАТО вчера ќе ја следи промената на геополитичкиот контекст. НАТО сојузниците се свесни за ризиците поврзани со фактот дека има земји кои служејќи се со дезинформации сакаат да ја искористат кризата за свои цели. Сојузниците се обидуваат да се борат против ова со транспарентни и навремени информации.

На овој прв состанок сите НАТО сојузници и посакаа добредојде на Македонија, а британскиот министер за надворешни работи ги повика НАТО сојузниците да соработуваат во битката против вирусот, и да ја користат НАТО експертизата за воено планирање, отпорност и борба со дезинформациите.

– Како Амбасада се адаптиравме на ситуацијата и превземаме мерки за заштита со цел нашите колеги да бидат безбедни и здрави. Се прилагодувам и на работење од дома со моето семејство и се обидувам да најдам иновативни и креативни работи кои ги правиме заедно со моите деца, за оддржување на нашата благосостојба. Читаме книги, играме семејни игри и продолжуваме со виртуелна училишна настава. Исто гледаме и телевизија и се обидуваме да не јадеме премногу. Оддржуваме онлајн состаноци со колегите и се координираме за дневните работни обврски. Важна ми е нивната добросостојба, важно ми е да имаат време за здрав баланс на работните обврски како и семејните. Сите треба да најдеме начини како да останеме безбедни и да бидеме здрави.


Администратор
04/04/2020 16:20