Connect with us

Свет

Американец осуден на доживотен затвор во Италија за убиство на партнерката и нивната ќерка

Првостепениот суд во Рим осуди на доживотен затвор американски државјанин, откако го прогласи за виновен за убиството на неговата партнерка и нивната 11-месечна ќерка, извршени во јуни 2025 година.

Станува збор за Френсис Кауфман (47), роден во Калифорнија, кој ја убил својата партнерка Анастасија Трофимова, руска државјанка, а потоа и нивната ќерка Андромеда. Покрај доживотната казна, нему му се изречени и три години дневна изолација.

Кауфман во Рим ја претставувал Трофимова под друг идентитет, а и самиот користел лажно име.

Телата на мајката и детето биле пронајдени во парк во Рим, на неколку метри едно од друго.

Ad
Ad