Connect with us

Филм

Мини серијата „Гордост и предрасуди“ наскоро на „Нетфликс“

Онлајн платформата „Нетфликс“ го објави трејлерот за новата мини-серија од шест епизоди „Гордост и предрасуди“, адаптирана по култниот роман од 1813 година, на британската писателка Џејн Остин. Главните улоги ги играат Ема Корин како Елизабет Бенет и Џек Лоуден во улога на господинот Дарси.

Со сценарио на добро познатата британска авторка на хит „Сè што знам за љубовта“, Доли Олдертон, дејството ја следи добро познатата приказна за двајца луѓе кои на почетокот не се поднесуваат, но со тек на времето се вљубуваат, во услови на строгите општествени правила и класните поделби во Англија во 19 век.

Режијата му припадна на Еурос Лин, познат по популарната серија „Срцекршач“ („Heartstopper“). Покрај Олдертон и Лин, меѓу извршните продуценти е актерката Ема Корин, додека продукцијата е на компанијата „Локаут Поинт“ (Lookout Point).

Во другите улоги се појавуваат и Оливија Колман, Руфус Сјуел, Фреја Мејвор, Џејми Деметриу, Анџана Васан, Себастијан Арместо, Роузи Кавалиеро, Сафрон Кумбер, Џејмс Драјден, Џастин Едвардс, Џејмс Норткот, Елоиз Веб, Изабела Сермон и други.

Премиерата е закажана за трети декември.

Ad
Ad