Connect with us

Тенис

Вавринка официјално стави крај на кариерата

Освојувачот на три грен слем титули, 41-годишниот швајцарски тенисер Стен Вавринка, ја заврши својата дводецениска кариера со пораз од 7-5, 7-6 (2) од Чехот Јиржи Лехечка во првото коло на АТП турнирот во Базел.
Вавринка во својата 22-годишна кариера освои 16 турнири, а загуби 15 финалиња. Најголемите успеси ги постигна во средината на минатата деценија кога ги освои Австралија Опен во 2014 година, Ролан Гарос во 2015 година и Ју Ес Опен во 2016 година. Последната од своите 16 титули ја освои во Женева во 2017 година.
Негов највисок ранкинг на АТП листата беше третото место.

Ad
Ad