Кошарка
Дончиќ: Не смееме да имаме ваков почеток на другите натпревари
Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ одигра маестрална партија во победата на неговиот тим Лос Анџелес Лејкерс против Јута со 132:123. Дончиќ „изброја“ 52 поена, со девет асистенции и седум скокови.
Лејкерси во вториот период беа во негатива од 18 поени, но направија пресврт за триумф или трета победа за максимален ефект на почетокот на сезоната.
– Мораме да бидеме поцврсти во одбраната, да играме со повеќе контакти и потоа да трчаме и да играме најдобро што знаеме. Не смееме да имаме повеќе ваков почеток на натпревар. Покажавме многу карактер и срце и важно е дека останавме во натпреварот, изјави Дончиќ по натпреварот.
Ова за словенечкиот кошаркар беше четврти натпревар со 50+ поени и барем девет асистенции.
октомври 27, 2026


