Connect with us

Сцена

Британскиот принц Хари сака помирување со кралското семејство

Во последното интервју, британскиот принц Хари изрази надеж за помирување со својот татко, кралот Чарлс Трети, и со остатокот од кралското семејство – со кои односите му се затегнати уште откако се пресели во Соединетите Американски Држави пред шест години.

Хари (42) – помладиот син на кралот, предизвика раздор во британското кралско семејство во 2020 година, кога тој и неговата сопруга Меган Маркл се повлекоа од своите кралски должности и се преселија во Калифорнија – од каде што подоцна упатуваа остри критики кон кралското семејство. Со години, Хари речиси и да не разговара со својот постар брат – принцот-престолонаследник Вилијам, а дури неодамна почна да ги поправа односите со својот татко, кралот. Принцот Хари, кој неодамна се врати во Обединетото Кралство со Меган и нивните две деца, во интервју за списанието „Џи-кју (GQ)“ изјави дека сака да ги поправи овие односи.

– Постојат несогласувања меѓу браќа и сестри, затегнати односи меѓу децата и родителите – или пак, меѓу децата и еден од нивните родители… Со оглед на сè што се случува во светот, помирувањето е најважната работа, рече тој.

Тој притоа додаде дека ја разбира фасцинацијата на јавноста од случувањата во кралското семејство, истакнувајќи дека многу луѓе можат да се пронајдат во тоа. Изрази и надеж дека неговите напори за помирување би можеле да ги инспирираат другите и евентуално да им помогнат во нивните односи.

– А има и такви кои не сакаат тоа да успее. Јас, сепак, сакам да успееме, рече принцот.

Гласноговорникот на принцот Хари појасни дека зборот „такви“ не се однесува на принцот Вилијам или на кој било друг член на семејството.

Ad
Ad