Connect with us

Сцена

Променет надгробниот натпис на Метју Пери

Повеќе од три години по смртта на Метју Пери, промената на неговиот надгробен споменик предизвика прашања кај обожавателите на глумецот. На споменикот веќе не стои натписот што упатуваше на култната серија „Пријатели“ (Friends) што го лансираше до светска слава.

На првичниот споменик беа испишани неговото целосно име, Метју Ленгфорд Пери, како и датумите на неговото раѓање и смрт. На дното стоеше натписот „Многу сакан – Пријател“ (Much Loved – Friend*) – алузија на серијата на „Ен-би-си“ (NBC) што се прикажуваше од 1994 до 2004 година. На местото на оваа референца кон „Пријатели“, сега стои пораката: „Ве сакаме со целото наше срце“.

Причината за промената на споменикот во меморијалниот парк „Форест лон“ (Forest Lawn Memorial Park) во Холивуд Хилс останува непозната.

Метју Пери почина на 28 октомври 2023 година, на 54-годишна возраст, како последица од акутното дејство на „Кетамин“. Истрагата за неговата смрт резултираше со кривични пресуди за пет лица.

Ad
Ad