Хроника
Тешко повредена вработена во Специјалниот завод – Демир Капија, била турната од еден од штитениците
Вработена во Специјалниот завод – Демир Капија со тешка телесна повреда била однесена во неготинската Итна медицинска помош, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Вчера во 16:15 часот во ОВР Неготино е пријавено дека во Итна медицинска помош – Неготино, со тешка телесна повреда е донесена В.Л., на возраст од 59 години од Демир Капија. Според пријавеното, со повредите се здобила на работното место во Јавна установа Специјален завод – Демир Капија, откако била турната од еден од штитениците на установата, информираа од СВР Велес.
За настанот бил известен трудов инспектор.
ноември 27, 2026


