Кошарка
Денвер го победи Чикаго во продолжение, Јокиќ оствари трипл-дабл
Денвер го победи Чикаго на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА со 151:145, по продолжение.
Џамал Мареј, беше најефикасен на натпреварот со 45 поени. Неговиот соиграч, српскиот центар Никола Јокиќ, имаше 37 поени, 18 скока и 11 асистенции.
Денвер победи во третиот натпревар по ред.
Во тимот на Чикаго се истакнаа Хилд (33 поени), Смит (26), и Гиди (23 + 14 скока + 22 асистенции).
На другите НБА-натпревари постигнати се овие резултати:
Мајами – Оклахома 123:113
Јута – Далас 114:116
Вашингтон – Орландо 116:96
Њујорк – Индијана 113:106
Голден Стејт – Бостон 88:87.



