Ракомет
Еурофарм Пелистер го совлада бундеслигашот Гумерсбах
Ракометарите на Е.Пелињтер приредија луд пресврт во Европската лига и по неверојатна завршница го треснаа еден од најдобрите бундеслигаши Гумерзбах во Битола допатува како голем фаворит, на полувреме имаше предност од пет гола, но во вториот дел македонскиот вицешампион покажа карактер страшна борбеност и на крај тоа му донесе голема победа од 29-28.
На полувреме Гумерсбах замина со предност од 9-14. Разликата во првиот дел ја направија голманот Облинг со осум одбрани и крилото Вујовиќ, кој одигра без грешка и постигна шест гола од шест удари, а кај македонскиот тим Кузмановски имаше три.
Пелистерци вториот дел го отворија со одбрана на Митревски и гол на Ристевски, а деби погодок сезонава во Европа постигна и Цветан Кузманоски. Налетот на домаќинот продолжи со нов гол на младиот кружен напаѓач за 13-16, а двојна одбрана запиша Митревски, па германското водство се спушти на само еден гол (15-16).
Атмосферата во битолската сала дополнително се вжешти, Сигурдсон повика минута одмор, но ниту тоа не им помогна на бундеслигашот. Блескавото второ полувреме Ристевски го продолжи со трет погодок за израмнување на резултатот по подолго време (16-16).
Следуваше период во кој се играше гол за гол, нападот „седум на шест“ на пелистерци одлично функционираше, па во последните десет минути се влезе со егал резултат 23-23, но домаќинот остана без Ристевски, кој поради старт врз шутерска рака беше испратен на трибините.
Завршницата во Битола донесе вистинска драма, Митревски „полуде“ на голот во прав момент, а Серафимов беше сигурен од седум метри.
На крај тоа им донесе огромна победа на „зелено-белите“ од 29-28. Така по пауза од 32 години конечно падна една бундеслигашка екипа во Битола.
Прв стрелец кај македонскиот тим беше Кузмановски со седум гола, два помалку имаше Нтанзи, а Ристевски забележа четири. Кај германскиот тим Вујовиќ беше непогрешлив со осум гола.
ноември 18, 2026


