Технологија
„Мета“ во Италија казнета со 805 милиони евра поради пристап до фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола
Италијанската агенција за заштита на податоците ја казни компанијата „Мета“ со 805 милиони евра бидејќи пристапила кон фотографиите на корисниците на „Андроид“ без нивна дозвола.
Според Агенцијата, „Мета“ не успеала соодветно да информира околу 20 милиони корисници дека „Фејсбук“ има пристап до нивните фотографии и видеа преку функција во апликацијата. На компанијата ѝ беше наредено да ја исклучи функцијата како стандардна поставка во рок од 60 дена и да бара специфична согласност за нејзино користење.
Функцијата им предлага фотографии и видеа од меморијата на телефонот на корисниците за креирање нови објави.
Казната од 805 милиони евра е една од најголемите казни што некогаш ѝ ги изрекол италијанскиот регулатор на технолошка компанија.
Регулаторот објасни дека „Фејсбук“ побарал пристап до меморијата на телефонот преку општо овластување во рамките на апликацијата. Во известувањето не им било јасно наведено на корисниците дека апликацијата ќе генерира и предлози за објави врз основа на таа содржина.
„Мета“, сопственик на „Инстаграм“ и „Вацап“ минатиот месец беше казнета во американската сојузна држава Ново Мексико со 25 милијарди долари поради што со години ја залажувала јавноста за тоа како постапува со податоците на корисниците на „Фејсбук“.
ноември 15, 2026


