Кошарка
Барселона го победи Панатинаикос во дербито на колото во Евролигата
Три натпревари од регуларната сезона на кошаркарската Евролига беа одиграни синоќа, дербито се одигра во Атина, каде Барселона го совлада Панатинаикос со 76:74. Гостите до победата дојдоа по одличната последна четвртина која ја добија со 33:17.
Најефикасни во грчкиот тим беа Нан (19 поени) и Франциско (17), додека кај Барселона се истакнаа Робинсон (24) и Мартин (13).
Резултати на другите две синоќешни средби:
Ефес – Виртус 103:91
Лион – Бешикташ 95:91.
Со биланс осум победи и три порази во горниот дел на табелата се наоѓаат четири екипи: Валенсија, Панатинаикос, Олимпијакос и Барселона.
ноември 15, 2026

