Кошарка
Реал Мадрид ја декласираше Црвена Звезда во кошаркарската Евролига
Кошаркарите на Реал Мадрид ја постигнаа седмата победа во Евролигата откако синоќа на домашен терен ја совладаа Црвена Звезда со 105:84. На тој начин се изедначија со скорот на „црвено-белите“ и се најдоа во група од пет тима со ист ефект.
Во дуелот на двете израелски екипи на натпревар одигран на Кипар, Макаби го совлада Хапоел со 80:73.
На другите дуели одиграни синоќа: Олимпијакос – Дубаи 101:72, Милано – Жалгирис 83:86 и Валенсија – Баерн 102: 87.
Вечерва се играат три натпревари: Анадолу Ефес – Виртус, Панатинаикос – Барселона и Вилербан – Бешикташ.
На чело на табелата е Панатинаикос со скор 8-2 (победи-порази), пред Валенсија и Олимпијакос со 8-3, Барселона има 7-3 и потоа следуваат петте екипи со биланс 7-4.
ноември 13, 2026

