Connect with us

Економија

Ѓорчев: Македонија преживеала многу поголеми банкарски кризи, „Алта банка“ е маргинален и минорен тест

Најголемата доверба во македонската современа, независна и суверена држава беше во Народната банка и во Армијата. Тоа го кажуваат сите анкети. Атакот врз Народна банка е штетна работа затоа што НБРМ успеа за овие 35 години од 20 милиони долари, 8 милиони во готовина и 12 милиони долари во злато од Буџим, САСА да направиме држава со 5 милијарди евра, така што сета оваа паника е повторно удар во празно, изјави во своето гостување во емисијата „За македонските работи“ на Афлфа телевизија поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев.

-Од моја гледна точка, атакот врз Народна банка е штетна работа затоа што НБРМ успеа за овие 35 години од 20 милиони долари, 8 милиони во готовина и 12 милиони долари во злато од Буџим, САСА да направиме држава со 5 милијарди евра, да имаме девизни резерви, значи говорам што направила Народната банка, ако погледнеме тие девизни резерви сега во злато, од тие 7,5 тони ни носат на нас приходи, какко позитива тогаш ќе видиме што направила Народната банка, рече Ѓорчев.

Фондот за осигурување на депозити е безбеден, вели Ѓорчев.

Фондот за осигурување на депозити, јас сум претседател на управниот одбор на Фондот во период 2006-2009 година. Ние тогаш во една тогаш многу посериозна банка, Македонска банка, успеавме да ја сервисиравме кога отиде во стечај. Значи имаме толку многу средства, толку е безбеден Фондот за осигурување на депозити, што би можеле оваа мала банка со портфолио некаде од 1,5% од она што претставува банкарскиот систем. Во секој момент, во било која постапка, дали ќе се работи за купување на пазарот, дали ќе се работи за стечајна постапка, секој кој што е дел од таа банка дали како бизнис сектор, дали како граѓанство, можам да гарантирам, познавајќи ги состојбите во Фондот во рок од 30 дена, сите што претставува есенција на капиталот на граѓаните и фирмите ќе биде биде сервисиран, така што сета оваа паника е повторно удар во празно атак врз Народната банка, атак врз банкарскиот систем еве и сега се покажа дека е кадарен да ги издржи сите проблеми ккои што ги има во Македонија и не е потребно политиката да се меша во банкарството, затоа што ние сме имале и штедилници, ТАТ и 97 година па сме го надминале тоа, па сме доше до стечај на „Македонска банка“, па сме дошле до стечај на Еуростандард банка, па сме дошле во многу посериозни ситуации и подраматични промени, појасни поранешниот амбасадор.

Според него „Алта банка“ е еден минорен и маргинален тест за НБРМ и македонскиот банкарски систем.

-Јас барем како поранешен банкар, мислам дека многу лесно ќе го положиме тој тест, дециден е Ѓорчев.

Ad
Ad