Connect with us

Регион

Во Белград уапсен екс директорот на Белградски електрани,за две недели приведени над 90 лица

Поранешниот српски министер и поранешен директор на „Белградски електрани“ Раде Баста е уапсен рано утрово на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, јавија српските медиуми.

Тој е уапсен од страна на припадници на Службата за сузбивање на корупција, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Баста е осомничен дека во времето кога бил директор на „Београдски електрани“ ја оштетил таа компанија за десетици милиони динари со одобрување на неосновани донации. Акцијата на апсења и претреси на простории е во тек, а приведени се и неколку други лица поврзани со тие проневери.

Според податоците од веб-страницата на Министерството за внатрешни работи на Србија, во изминатите две недели, во таа држава се уапсени повеќе од 90 лица за разни кривични дела.

Меѓу уапсените се: – Началникот на Управата за криминалистичка полиција, Марко Кричак; Началникот на Службата за сузбивање криминал, Бошко Секулиќ; – Командантот на Специјалната антитерористичка единица, Игор Жмириќ; – 17 полицајци; – Сопственикoт на Алта банка, Давор Мацура; – Покраинскиот секретар за социјална политика Предраг Вулетиќ; – Директорот на Републичкиот хидрометеоролошки завод Југослав Николиќ; – Управникот на затворот Забела, Родољуб Рончевиќ.

Ad
Ad