Connect with us

Кошарка

Опериран Чеди Осман – на терен се враќа по три месеци

Турскиот кошаркарски репрезентативец со македонско потекло Чеди Осман по повредата на менискусот беше опериран и му беше извршена артроскопска операција. Се проценува дека паузата ќе биде околу три месеци.

Осман би требало да биде подготвен за завршницата на сезоната во дресот на ПАОК во домашното првенство и во Еврокупот. Купот на Грција се одржува кон средината на февруари следната година и малку е веројатно дека ќе биде подготвен да настапи.

Турскиот репрезентативец во летниот преоден рок од Панатинаикос премина во ПАОК и потпиша тригодишен договор вреден девет милиони евра.

Ad
Ad