Кошарка
НБА: Порзингис привремено се повлекува од кошаркарката поради здравствени причини
Центарот на НБА лигашот Голден Стејт Вориорс, Кристапс Порзингис, објави дека привремено се повлекува од кошарката за да се фокусира на своето здравје, откако неговото тело не реагираше соодветно за време на претсезонските подготовки.
Летонскиот кошаркар нема настап оваа сезона, а во објавата на социјалните мрежи не прецизираше дали става крај на професионлната кариера.
„Добро се справувам, но знам што е потребно и не сум на нивото на кое сакам да бидам во моментов за да играм онака како што очекувам од себе. Во овој момент, решив да го ставам здравјето на прво место и да се повлечам од играта што ја сакам“, напиша 31-годишниот Порзингис.
Во јуни оваа година, Порзингис потпиша нов двегодишен договор вреден 40 милиони долари со Голден Стејт, откако му се приклучи на тимот во февруари преку размена од Атланта.
ноември 8, 2026


