Свет
Премиерот на Нов Зеланд во заминување се надева на нов мандат по неизвесните избори
Конзервативниот премиер на Нов Зеланд во заминување, Кристофер Луксон, денеска изјави дека смета оти може да ја „формира следната влада“ по исклучително неизвесните парламентарни избори на кои се соочи со опозициските лабуристи.
Истовремено, тој призна дека изборниот резултат сè уште е „премногу неизвесен за да може да се донесе конечен заклучок“.
– Националната партија останува најголемата партија во парламентот и имаме можност да ја формираме следната влада – изјави Луксон пред своите поддржувачи во Окленд.
Според прелиминарните изборни резултати од Нов Зеланд, по пребројани над 97 отсто од гласовите, се води исклучително тесна трка меѓу двете водечки политички сили. Владејачката Национална партија на премиерот Кристофер Луксон освои 29,29 проценти, предводејќи со минимална предност пред опозициската Лабуристичка партија на Крис Хипкинс, која има 29,24 отсто. По нив следуваат Зелената партија со 13,90, партијата АКТ со 10,96 и „Нов Зеланд на прво место“ (NZ First) со 9,79 проценти, додека центристичката „Опортјунити“ (TOP) освои 5,97 отсто. Поради речиси изедначените сили на главните ривали, клучот за формирање на идната коалициска влада ќе го имаат помалите политички партии.
ноември 8, 2026


