Фудбал
Жорж Жезус го објави списокот без Роналдо
Португалскиот селектор Жорж Жезус го објави списокот на фудбалери без името на Кристијано Роналдо, кој се прости од репрезентативниот дрес. Тој повика 28 играчи и меѓу нив има дури седум нови во однос на претходниот собир, а петмина од се дебитанти во сениорската репрезентација. Меѓу повиканите се и Бруно Фернандеш, Бернардо Силва и Рубен Дијаш.
Роналдо својата одлука ја донесе ден пред објавувањето на списокот на селекторот. Жезус изјави дека имал намера да го повика Роналдо и за неговото простување дознал по објавувањето на веста.
Кристијано Роналдо за португалската репрентација одигра 234 натпревари.
Португалија е првопласирана во групата со максимални 12 бода, а ќе одигра уште два натпревара со Данска во Брага на 14.ноември и три дена подоцна на гостувањето во Кардиф против Велс.
ноември 7, 2026


