Connect with us

Регион

РИК на Србија ги додели мандатите на народните пратеници од новиот собраниски состав

Републичката изборна комисија (РИК) денеска донесе решение за доделување мандати на народните пратеници од новиот состав на Собранието на Србија, избрани на вонредните избори одржани на 25 октомври.

Според конечните изборни резултати, на листата „Студентска листа – Студентите победуваат“ ѝ се доделени мандати за 140 кандидати за народни пратеници, додека на листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ ѝ се доделени 103 мандати.

Во парламентот ќе влезат уште седум пратеници од малцинските листи. Изборната листа „Сојуз на војводинските Унгарци – д-р Балинт Пастор“ и листата „Албанска коалиција“ освоија по два мандати, додека по еден пратеник ќе имаат изборните листи „Расим Љајиќ – Човечки (СДП – ЦДП)“, „СДА Санџак – Чувари на Санџак“ и „Усаме Зукорлиќ (СПП) – Движење за обединување“, која тој мандат го освои по повторените избори на 53 избирачки места.

РИК на кандидатите ќе им издаде уверение за народен пратеник. Без мандати останаа сите останати листи од вкупно 18 колку што учествуваа на изборите.

Како што е најавено, РИК наскоро ќе одржи седница за утврдување на извештајот за спроведените избори. Новиот парламент треба да се конституира во рок од 30 дена од прогласувањето на конечните изборни резултати.

Ad
Ad