Connect with us

Формула 1

Верстапен за шампионската титула на Антонели: Многу сум горд на него

Холандскиот возач на Ред Бул, Макс Верстапен, коментираше за обезбедениот шампионски трофеј на италијанскиот возач на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, во шампионатот на Формула 1.

– Неверојатно е каква сезона имаше. Да се направи тоа на толку млада возраст, тоа е навистина импресивно. Прекрасно е да се види целиот тим како слави со него. Неговото семејство е исто така тука, па сигурен сум дека ова е многу емотивен ден за него и многу сум горд на него, го цитира „Моторспорт“ четирикратниот шампион во Формула 1.

Дваесет и деветгодишниот Верстапен синоќа ја освои Големата награда на Мексико. 

Дваесетгодишниот Италијанец Кими Антонели заврши трет, доволно д аго обезбеди шампионскиот трофеј за сезоната 2026. Второто место му припадна на 41-годишниот Британец Луис Хамилтон од Ферари.

Ad
Ad