Фудбал
Струга го доби дербито со Вардар во Скопје
Екипата на Струга оствари победа попладнево во дербито на 12. коло од Првата фудбалска лига против првакот Вардар со 1:0. Единствениот гол го постигна Марјан Радески во 31. минута. Во првиот дел по прегледување на ВАР снимката беше поништен пенал за Вардар, бидејќи играчот на Вардар, Закариќ бил во офсајд позиција, а во вториот дел со помош на ВАР снимката беше потврдена и добрата одбрана на гостинскиот голман и Вардар пропушти да дојде до изедначување. Струга со новите три бодови има 26 или еден помалку од лидерот Шкендија Тетово 27.
Во Куманово, Башкими го совлада Арсими со 2:1 и ја постигна третата победа во првенството и на тој начин се изедначи бодовно со денешниот ривал и двата тима имаат по 10 бода.
На првиот денешен дуел Скопје и Силекс одиграа без голови 0:0.
Вчера Шкендија Арачиново – Тиквеш 1:1 и Брегалница – Шкендија Тетово 2:1.
ноември 3, 2026

