Connect with us

Останати спортови

Релито Дакар 2027 стартува во Португалија, завршува во Мароко

Организаторите на релито Дакар објавија денеска дека 49. издание на ова престижно натпреварување, кое ќе се одржи од 9 до 23 јануари идната година, ќе започне во Португалија и во најголем дел ќе се вози во Мароко
Првично планираната рута низ Саудиска Арабија е откажана поради конфликтот на Блискиот Исток, наведоа организаторите, објавувајќи ја нова рута која ќе биде во должина од 7.824 километри
Дакар, најголемата офроуд трка во светот, се враќа во Африка за прв пат по 20 години.
Првата етапа ќе стартува во португалскиот регион Алгарве, додека преостанатите 11 етапи ќе се возат во Мароко, а целта ќе биде Маракеш.
Првото издание на трката се одржа во 1979 година на рутата од Париз до главниот град на Сенегал, Дакар.
Во 2008 година, натпреварувањето беше откажано во последен момент поради безбедносни ризици во Северна Африка. Оттогаш, се одржуваше во Јужна Америка, а од 2020 година во Саудиска Арабија, во која релито, според најавите на организаторите, ќе се врати во 2028 година.

Ad
Ad