Култура
Објавен Германско-македонски училиштен речник
Германско-македонски училиштен речник објави издавачката куќа „Арс Ламина“, наменет за ученици од основното и од средното образование, како и за сите љубители на германскиот јазик. Автори се д-р Валентина Илиева, м-р Кристина Крстевска, м-р Симона Монавчева и д-р Николче Шулевски.
Издавачката куќа соопшти дека лексикографскиот труд има јасен вокабулар и практичен македонски превод и го олеснува патот кон совладување на германскиот јазик, кој е мајчин јазик на повеќе од 100 милиони луѓе – во Германија, Австрија, Швајцарија и во други европски земји.
-Речникот е практична помош при разбирањето на германските зборови, при читањето текстови, при изработката на домашните задачи и при збогатувањето на вокабуларот. Може да се користи и при самостојно учење, овозможувајќи полесно совладување на јазичните основи и посигурна употреба на германскиот во секојдневната комуникација. Познавањето на германскиот јазик отвора можности за нови знаења, за образование и за професионален развој, но и за поблиско запознавање со културата, литературата, музиката и со науката на германскојазичните земји, соопшти „Арс Ламина“.
октомври 30, 2026


