Connect with us

Забава

Дрон сними необично село во облик на буквата „Ѕ“

Според многумина интернет-корисници дрон направи величествени снимки од едно необично село во Општината Феланден, Швајцарија, каде што куќите се распоредени во облик на буквата „Ѕ“ или латинско „С / S“. Сликите се дело на фотографот на „ЕПА / EPA“, Мајкл Бухолцер.

Oколу закривениот ред куќи се наоѓаат патеки, зелени површини, дрвја и грмушки, додека од надворешната страна, секоја куќа има своја сопствена градина. Есента внесе дополнително шаренило од бои во населбата. Покрај зелените дрвја, се истакнуваат лисја во нијанси на жолта, портокалова и светлоцрвена боја. На некои од покривите се поставени и соларни панели.

Инаку, Феланден е општина во Кантонот Цирих, сместена во Округот Устер, на брегот на езерото Грајфензе. Според Историскиот речник на Швајцарија, меѓу 1950, и 1980 година, оваа некогаш рурална општина се пробразила во станбено подрачје населено главно со луѓе кои работат на други места. Бројот на жители нагло расте. Кон крајот на 2003., општината имала 6.707 жители, што значи дека за 20 години населението се зголемило за повеќе од 40 насто. Според податоците на Сојузниот завод за статистика од 2023., 18,5 отсто од жителите имаат 65 години или повеќе. 

Ad
Ad