Connect with us

Сцена

Поранешна мис на Швајцарија тврди дека Доналд Трамп ја силувал во хотел

Поранешната мис на Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во њујоршкиот хотел „Плаза“ во ноември 1993 година, според извештај што демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го објавија вчера.

Кеул и претходно, во октомври 2024 година, тврдеше дека Трамп за време на истиот инцидент несакано ја допирал, но тогаш наведе дека нападот не отишол подалеку, пренесува „Телеграф“. Во разговорот со вработените во демократскиот одбор, таа сега изнесе тврдење дека Трамп ја силувал, наведувајќи дека ѝ го искинал фустанот и ѝ нанел повреди, како и дека потоа ѝ се заканувал дека ќе мора да молчи.

Според нејзиниот исказ, Кеул го запознала Трамп кога имала 24 години, на прес-конференција по повод натпревар во избор за награда во хотелот „Плаза“, кој тогаш бил во негова сопственост.

Таа наведе дека Трамп ѝ ветил помош во добивањето виза и запишувањето на Универзитетот во Њујорк, а дека по нивниот разговор ѝ пришол осудениот сексуален престапник Џефри Епстин и ја поканил на забава во резиденцијата на Трамп, Мар-а-Лаго.

Белата куќа ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги обид на демократите да го свртат вниманието од „достигнувањата на администрацијата на Трамп“.

Трамп претходно негираше какви било неправилности поврзани со Епстин и тврдеше дека го прекинал пријателството со него многу пред да се појават сомнежи во врска со неговите криминални активности.

Извештајот на демократите содржи и искази на уште четири жени кои го обвинија Трамп за силување или сексуален напад. Во него се наведува и дека Трамп, Епстин и други наводно го користеле натпреварот во хотелот „Плаза“ за пронаоѓање ранливи млади жени и девојки.

Членот на одборот, Џејми Раскин, рече дека пет жени директно го обвиниле Трамп за силување или сексуален напад во друштво или присуство на Епстин, додека други навеле дека Епстин или неговата соработничка Гилејн Максвел се обиделе да ги предадат на Трамп. Раскин исто така го обвини Министерството за правда на САД дека ги прикрива злосторствата за да го заштити претседателот.

Белата куќа ги отфрли наводите од извештајот. 

Ad
Ad