Connect with us

Формула 1

Бин Сулајем: Трките во Катар и Абу Даби се подготвени да се одржат

Претседателот на Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА), Мохамед бин Сулајем, изјави дека Гран при на Катар и Гран при на Абу Даби речиси сигурно ќе се одржи и сезоната на Формула 1 ќе биде завршена според закажаното.

Претходно се очекуваше трките да бидат откажани поради тековниот воен конфликт на Блискиот Исток.

– Имаме здрав разум никогаш да не ги испраќаме нашите вработени, возачи или службеници на места каде што веруваме дека би можеле да бидат изложени на ризик. Тоа не доаѓа предвид. Во врска со трките во Катар и Абу Даби, ќе го кажам следново: Имам деца таму [во ОАЕ]. Дали мислите дека би ги оставил таму додека сум тука со вас сега ако беше опасно?.
Треба разумно да пристапиме кон овие прашања. Едно е да се грижиме дали потенцијално би можеле да имаме проблеми. Сепак, она што го пишуваат медиумите честопати отстапува од реалноста. Ние на Блискиот Исток читаме вести, гледаме телевизија, а потоа се прашуваме: Каде навистина се случува сето ова? Бидејќи таму ништо слично не се случува. Ова не значи дека ништо не може да се случи во земјата. Не можам да го предвидам тоа. Можам само да кажам дека денес сè е мирно и се очекува да се одржат обете трки, изтакна Бин Сулајем.

Следната етапа во Формула 1 треба да се одржи претстојниот викенд во САД.

Ad
Ad