Кошарка
ТФТ катастрофално поразен на стартот на АБА 2 лигата
Кошаркарите на скопски ТФТ загубија вечерва на гостински терен во Тузла од Слобода Енергоинвест со убедливи 106-61 во рамки на воведното коло од новата сезона во регионалната АБА 2 лига.
Во ослабен состав, без странските засилувања, македонскиот претставник од самиот почеток беше во инфериорна позиција, дозволувајќи му на домаќинот предност од високи +15 по првата четвртина (27-12), која до полувремето достигна и недостижни 54-26.
Тома Стојаноски со 25 кошеви беше најефикасен во редовите на ТФТ, додека Григориј Ѓорѓевиќ и Страхил Николов уфрлија по 12 поени.
ТФТ во второто коло од групата Б на 4 ноември го очекува уште едно гостување на теренот на српски Херцеговац.
октомври 21, 2026


