Connect with us

Забава

Казни и до 1000 фунти за патници кои нема да ги почитуваат правилата во јавниот превоз во Англија

Патници кои пуштаат гласна музика во автобусите би можеле да бидат казнети до 100 фунти во Англија, како дел од владините напори за сузбивање на антисоцијалното однесување. Целта на таквите мерки е да се спречи фрлање ѓубре, вејпинг и заканувачко и насилно однесување со цел да се подобри квалитетот на патувањето во сите форми на јавен превоз.

Според новите овластувања на локалните власти, прекршителите во автобусите наскоро би можеле да бидат казнети до 100 фунти.

Според лондонски медиуми, почнува национална кампања и во возови, со која се повикуваат патниците во воз да „го делат вагонот, а не бучавата“. Предложените мерки беа поздравени од активистите, но некои се прашуваат како ефикасно да ги спроведат.

„Сите сме биле во воз кога некој ќе почне да пушта музика или видеа на својот телефон. Тоа им оди на нерви на сите и може брзо да го уништи патувањето“, рече премиерот Енди Бернам.

Според постојните овластувања, оние на кои им е советувано да престанат со таквото однесување, но одбиваат да го сторат тоа, би можеле да бидат замолени да го напуштат возот или да се соочат со казна до 1.000 фунти.

Во исто време, патниците и персоналот вработен во железничкиот транспорт се соочуваат со многу посериозни проблеми. Нападите врз вработените во железницата неодамна се зголемија за 68 проценти

Ad
Ad