Connect with us

Формула 1

Алонсо за „V8“ моторите: Светот се промени, можеби овие мотори не се соодветни за денешната Формула 1

Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, даде свое мислење за желбата на Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА) да ги врати „V8“ моторите во Формула 1 во сезоната 2030.

– Мислам дека светот се промени. Секако, тие автомобили беа одлични за возење, беа многу лесни и бучни. Но, можеби оваа технологија не е соодветна за денешниот свет. Кога почнав да се тркам во Формула 1, менувавме мотори. Едниот беше за сабота, за 12 квалификациски кругови, а другиот за недела. Дали тоа би било можно сега? Веројатно не.

Мислам дека треба да бидеме задоволни со она што го имаме и да се адаптираме на новиот свет. Хибридните системи се веројатно чекор напред. Само треба да ја пронајдеме вистинската рамнотежа помеѓу моторот со внатрешно согорување и електричните компоненти и да разбереме колку можеме да се потпреме на електричната компонента, изјави Алонсо.

ФИА почнувајќи од оваа година одлучи болидите во Формула 1 да бидат помали, поагилни и поеколошки. 

Ad
Ad