Фудбал
Баер Леверкузен му го нанесе првиот пораз на Фрајбург оваа сезона
Баер Леверкузен го победи Фрајбург со 2:1 попладнево на домашен терен во 6. коло од Германското фудбалско првенство.
Гостите го отворија резултатот во 14. минута преку Дери Шерхант. Головите за домаќините ги постигнаа Ибрахим Маца и Патрик Шик, кои исто така асистираа еден на друг за головите.
Фрајбург останува трет на табелата во Бундеслигата со 13 бода. Баер Леверкузен (13 бода) е едно место под нив.
На првите две места се Баерн Минхен и Борусија Дортмунд со по 14 бодови
октомври 19, 2026

