Формула 1
Доминикели: Значаен момент за Ф1 е трката во Руанда
Африка ќе се врати во календарот на Формула 1 за прв пат овој век, откако Руанда се согласи на 10-годишен договор за домаќинство на трка од почетокот на 2030-тите. Ф1 последен пат се одржа во Африка во 1993 година на патеката Кјалами во Јужна Африка, северно од Јоханесбург.
– Денес е значаен момент за Формула 1, рече извршниот директор Стефано Доменикали на прес-конференција во главниот град Кигали со претседателот на Руанда, Пол Кагаме, и претседателот на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), Мохамед Бен Сулајем.
Рунада ја објави својата кандидатура пред две години, со планови за наменски изградена патека од прва класа во близина на новиот меѓународен аеродром во изградба во Бугесера, околу 40 км јужно од Кигали. Се очекува патеката да биде завршена на почетокот на следната деценија.
Руанда ќе стане третата африканска земја што ќе биде домаќин на трка од шампионатот во Ф1 што започна во 1950 година, а Мароко организираше трка надвор од Казабланка во 1958 година.
октомври 13, 2026


