Формула 1
Расел: Ред Бул го имаат најдобриот болид во Формула 1 во моментов
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, го сумираше впечатоците од Гран при на Сингапур, истакнувајќи дека тимот има многу работа за да го оптимизира ажурираниот болид.
-Сите индикатори покажуваат дека болидот се покажува како што се очекува. Сепак, времињата на круговите оставаат многу простор за посдобрување. Затоа треба да откриеме како да го направиме болидот да работи поефикасно. Да, ако успеавме да добиеме 5, 10 или 20 секунди за време на трката, целта можеби ќе беше поинаква. Но, нема да се грижам за тоа.
Расел смета дека Мерцедес се соочува со поважна задача – имено, да го стигне Ред Бул, бидејќи нивниот болид според него моментално е најдобар во Формула 1.
-Мислам дека главниот предизвик за нас како тим во моментов е да откриеме како да извлечеме поголема ефикасност од нашиот болид и да извлечеме поголема брзина. Бидејќи резултатите на Ред Бул на последните три трки, особено имајќи предвид дека се одржаа на сосема различни патеки, се навистина импресивни. Значи, во моментов, нивниот болид е најдобар.
На вчерашната трка за Големата награда на Сингапур, победи Макс Верстапен од Ред Биул, Шарл Леклер (Ферари) заврши втор, а Андреа Кими Антонели (Мерцедес) го освои третото место.
октомври 13, 2026


