Кошарка
Лилард постигна 15 поени за 19 минути во својот прв натпревар по повредата на Ахиловата тетива
Портланд го победи Голден Стејт со 123:118 ноќеска во подготвителен натпревар пред почетокот на новата НБА-сезона.
Ова беше првиот натпревар на Лилард по повредата на Ахиловата тетива. Триесет и шестгодишниот кошаркар не играл натпревар од април 2025 година.
Лилард постигна 15 поени за 19,3 минути, шутирајќи 5 од 11 од поле, 3 од 8 за тројка и 2 од 2 од линијата за слободни фрлања. Тој исто така имаше еден скок, една асистенција, една изгубена топка и две украдени топки.
Резултати на другите натпревари:
Индијана – Минесота 123:112
Чикаго – Феникс 124:117
Мемфис – Орландо 118:122
Оклахома – Милвоки 126:128.



