Connect with us

Сцена

Аријана Гранде се појави во црн винтиџ фустан на премиерата на филмот „Запознајте ги новите Фокери“, во Лондон

Пејачката Аријана Гранде се појави во црн чипкан фустан во винтиџ стил на премиерата на филмот „Запознајте ги новите Фокери“, во Лондон, надополнет со елегантно обликувана пунџа, црни лакирани салонки со шпицест врв, дискретни обетки и шминка во нежни розови тонови, со која го истакна романтичниот винтиџ изглед.

Филмот е четврто продолжение на „Запознајте ги родителите“, во кој Гранде ја игра Оливија Џонс, поранешна преговарачка на ФБИ за заложнички кризи и свршеница на Хенри Фокер, во улога на Бен Стилер.

На настанот, одржан во киното „Одеон Лукс“ во Лондон, во сосем поинакво издание од она во Њујорк каде што се појави во креација на модната куќа „Беџли Мишка“, пејачката и актерка позираше заедно со своите колеги, актерите Роберт Де Ниро и Бен Стилер.

Според информациите од медиумите, тоа е нејзино прво големо појавување на црвениот тепих по доделувањето на „Златните глобуси“, во јануари.

„Запознајте ги новите Фокери“ е со сценарио и режија на Џон Хамбург. Во британските кина ќе започне да се прикажува од 25 ноември.

Ad
Ad