Фудбал
Белингем најдобар фудбалер на Реал во октомври
Англискиот репрезентативец Џуд Белингем е прогласен за играч на месецот во Реал Мадрид за октомври, објави прес-службата на Кралскиот клуб.
Дваесетитригодишниот Англичанец одигра пет натпревари во сите натпреварувања минатиот месец и имаше една асистенција.
Белингем е во Реал Мадрид од летото 2023 година и оттогаш одигра 156 натпревари, постигнувајќи 51 гол, а додаде и 37 асистенции.
Договорот на англискиот играч од средниот ред со мадридскиот клуб е до крајот на јуни 2029 година.



