Connect with us

Кошарка

Втора победа за Скопје, совладан Тиквеш на стартот од осмото коло од Супер лигата

Кошаркарите на Скопје (поранешен Маџари) ја постигнаа втората победа во шампионатот откако во првиот натпревар од осмото коло од МТЕЛ Супер лигата го совладаа Тиквеш Голден Игл со 97:94.

Гостите ја завршија првата четвртина со минимална предност – 27:25, но Скопје во продолжението успеа да ја преземе контролата врз резултатот и во финишот на првиот дел поведе со највисоки девет поени – 49:40. Гостите од Кавадарци со серија од 7-0 намалија на 49:47, на полувремето.

Во третиот период домашниот тим беше ефикасен и постигна 31 поен за водство од 80:71. Тиквеш успеа да направи и пресврт и стигна до водство во 39-тата минута – 94:93. Но, во последната минута Скопје реализираше четири поени и стигна до победа.

Колин Паркер беше најдобар поединец кај победникот со 24 поени, 12 скока и четири асистенции, а во гостинскиот тим најефикасен беше Тедерик Волф со 27 поени.

Другите дуели од осмото коло се: Работнички – ТФТ, Струмица – Кожув, Пелистер – МКК Куманово и МЗТ Скопје Аеродром – Штип.

ТАБЕЛА: Работнички 7/0 (победи – порази), МЗТ Скопје Аеродром 5/2, Тиквеш Голден Игл 4/4, МКК Куманово 4/3, ТФТ 4/3, Кожув 3/4, Штип 3/4, Скопје 2/6, Пелистер 2/5, Струмица 2001 2/5.

Ad
Ad