Кошарка
НБА: 284 поени по две продолженија на дуелот Вашингтон – Детроит
Спектакуларен натпревар одигра кошаркарот на Детроит Кејд Канингам постигнувајќи рекордни 52 поени во кариерата, предводејќи ги Пистонс до победа од 144–140 против Вашингтон по две продолженија, во еден од четирите натпревари во НБА одиграни синоќа.
Канингам едноставно беше незадржлив, а покрај 52-те поени имаше и 11 асистенции и ниту една загубена топка. Откако од 1977 година се води статистика за загубени топки, ниту еден играч во историјата немал ваков скор како Канингам.
Детроит беше фаворит против Вашингтон, но домаќините не сакаа лесно да се предадат и два пати успеваа да стигнат до продолженија со кошеви во последните секунди. Сепак, на крајот Детроит успеа да стигне до посакуваната победа. Овој меч ќе го памти и Аусар Томпсон од Детроит кој стигна до првиот трипл-дабл во кариерата постигнувајќи 11 поени, а имаше и исто толку и скокови и асистенции.
Филаделфија го совлада Торонто со 123:112, впо меч на кој Тајрис Макси постигна 27 поени, а Џоел Ембид додаде 20. Кај Рапторс кои го претрпеа четвртиот пораз во последните пет меча, најефикасен беше Ар Џеј Берет со 31 поени.
Минесота забележа убедлива победа од 133–94 над Далас. Предводник на победничкиот тим беше Бол кој погоди шест тројки и натпреварот го заврши со 22 поени и девет асистенции.
Финикс испушти предност од 17 поени против Шарлот, но на крајот сепак победи со 101:96, благодарение на Девин Букер, кој постигна 30 поени.
ноември 13, 2026


