Connect with us

Забава

За другите ѓубре, за некого извор на заработка – Американец заработил 140.000 долари продавајќи исфрлени предмети

Картер Стивенс од Нешвил, Тенеси, САД, продава исфрлен мебел, електроника и други предмети. Тој тврди дека „пронашол деловна можност“ таму каде што повеќето луѓе гледаат само ѓубре.

Стивенс тврди дека заработува илјадници долари годишно, пребарувајќи по контејнери и продавајќи најдени фрлени предмети, преку интернет. Во периодот од септември 2025 до септември 2026 година, на пр., Стивенс заработил повеќе од 140.000 долари на овој начин. Тој го остварил овој приход така што наоѓал предмети што другите ги фрлиле, ги чистел, а потоа ги продавал преку онлајн платформи. Луѓето, вели, не му веруваат кога објаснува со што се занимава, бидејќи малкумина би препознале деловна можност во еден полн контејнер, но неговата заработка е потврдена преку документи до коишто ТВ „Си-ен-би-си“ (CNBC) имала пристап.

Стивенс најчесто ги посетува деловните зони и луксузните станбени комплекси во Нешвил. Откако го почнал овој потфат во март 2024 година, пронашол и продал предмети како што се рачно изработени персиски теписи, скапи канцелариски столици, па дури и самурајски мечеви.

Пребарувањето по контејнери, исто така, му помага да ги намали трошоците за пакување, бидејќи таму наоѓа кутии, леплива лента и други материјали. Проценува дека во околу 90 отсто од случаите, нема потреба да купува материјали за пакување

Ad
Ad