Скопје
Димса Арсовски нов директор на МКЦ, Бени Шаќири ќе му биде советник на Орце Ѓорѓиевски
Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски е нов директор на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Досегашниот директор Арбен Шаќири поднел оставка на оваа фукција од лични причини, но заминува во кабинетотот на градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на позиција советник за култура – објави самиот Шаќири на Фејсбук.
-Ја користам оваа прилика да ве известам дека повеќе нема да ја обавувам функцијата директор на Младински културен центар (МКЦ) Скопје со што поднесов неотповиклива оставка до градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски од лични причини. Сепак, на предлог на градоначалникот Ѓорѓиевски останувам како дел од неговиот кабинет на позиција советник за култура, со што ќе се обидам од еден друг аспект да придонесам за унапредување и развој на културата во градот Скопје. За нов директор на МКЦ доаѓа Димче Арсовски на кого му посакувам да биде успешен и трпелив и верувам дека, како млад човек, ќе даде максимум од себе, за да се справи со сите тешкотии со кои културата воопшто се соочува изминативе години, напиша Шаќири на Фејсбук.
ноември 9, 2026


