Connect with us

Свет

Претседателот на Колумбија нареди зголемено обезбедување за медиуми во државата поради закани од напади

Претседателот на Колумбија, Абелардо де ла Есприхела, нареди зголемување на безбедноста на медиумските куќи во таа земја поради предупредувањата од разузнавачките служби за можни напади од страна на голема герилска група врз телевизиски и радио станици.

„Слободата на медиумите е света и мора да се почитува. Ниту една наркотерористичка група нема да ги замолчи медиумите со закани, заплашување или насилство“, напиша Де ла Есприхела на социјалната мрежа X.

Како што изјави, безбедносните сили ќе бидат ангажирани во заштитата на телевизиската и на радио станицата  Caracol и RCN, додека постојното обезбедување на списанието Semana ќе биде дополнително зајакнато.

Во саботата телевизијата Caracol беше евакуиана по дојава за бомба.

Ad
Ad