Connect with us

Хроника

Лишен од слобода 39-годишник поради пронајдена дрога

Триесет и деветгодишник со иницијали С.Б. е лишен од слобода откако полицијата кај него пронашла дрога. 

МВР информира дека на 6 ноември во 20.30 часот во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, по претходно добиени оперативни информации, забележале патничко моторно возило „мазда 3“, со скопски регистарски ознаки, од кое излегло лицето кое го управувало и  подигнало непозната растителна материја, која била оставена покрај електричен столб.

-Од страна на полициските службеници му било пристапено, при што С.Б.(39) е лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Ad
Ad