Connect with us

Формула 1

Ф1: Шарл Леклер стана татко

Формула 1 возачот на Ферари, Шарл Леклер, и неговата сопруга Александра објавија денеска на социјалните мрежи дека станале родители на девојче.

Веста за новиот член на семејството Леклер доаѓа само неколку денови откако тој имаше инцидент со својот британски колега Луис Хамилтон на трката за Големата награда на Мексико, по што веднаш отпатува за Монако за раѓањето на своето дете.

Шарл и Александра на социјалните мрежи објавија фотографија од нозете на бебето во волнени чорапи, на која пишува „Бјанка … 3.11.26.“.

Следната трка во Формула 1 е Големата награда на Бразил. Леклер е петтопласиран во генералниот пласман сезонава во Формула 1, а оваа сезона триумфираше на трката за Големата награда на Велика Британија

Ad
Ad