Регион
Кос: Црна Гора би можела да ги заврши преговорите за пристапување во ЕУ оваа година
Црна Гора би можела да ги финализира преговорите за пристапување кон Европската Унија до крајот на оваа година – соопшти Европската комисија во извештајот објавен денеска, со што се отвора патот оваа балканска земја да стане членка на Унијата уште во 2028 година, јавува ДПА.
– Црна Гора, која е најнапред во преговорите меѓу деветте земји кандидати за членство во ЕУ, е на чекор до завршување на преговорите за пристапување – изјави еврокомесарката за проширување, Марта Кос.
Меѓутоа, земјата сè уште треба да спроведе одредени реформи, особено во областите на основните права и финансиските услуги, наведуваат од Комисијата.
Доколку преговорите завршат до крајот на 2026 година, Црна Гора би можела да го потпише договорот за пристапување в година, изјави претставник на ЕУ, пренесен од ДПА.
Потоа договорот ќе треба да биде ратификуван од сите 27 сегашни земји членки на ЕУ, што би можело да овозможи Црна Гора да ѝ се приклучи на Унијата во 2028 година.
Хрватска беше последната земја што ѝ се приклучи на ЕУ во 2013 година.
Пристапувањето на Црна Гора, во крајна линија, зависи од одобрението на постојните земји членки на ЕУ. Преговорите за пристапување се долготраен процес што бара од земјите кандидати да ги усогласат своите национални закони и стандарди со барањата на ЕУ, пренесува ДПА.
ноември 5, 2026

