Connect with us

Регион

По лажната дојава за бомба, израелскиот крузер со 1.537 лица отплови од грчкиот остров Сирос

По спроведената истрага и проверките од специјалната единица за подводни мисии на грчката крајбрежна служба, а откако претходно беше евакуиран по добиена дојава за поставена бомба во подводниот дел од трупот на бродот, израелскиот крузер „Crown Iris“ со 940 патници и 597 членови на екипажот, отплови од пристаништето на грчкиот остров Сирос, јави дописничката на МИА од Атина.

Проверките започнаа вчера попладне, а завршија околу полноќ и откако не беше пронајден никаков експлозивен механизам, патниците и членовите на екипажот се вратија во крузерот и го продолжи планираното патување кон Хаифа, Израел.

Првата проверка на бродот беше од припадниците на грчката крајбрежна служба со помош на куче за откривање експлозиви и приватен нуркач, а потоа и со специјалните нуркачи, со негативен резултат.

Крузерот е во сопственост на израелската компанија и плови под панамско знаме.

За вчера беше закажан протест на Сирос против пристигнувањето на конкретниот крузер, како што беше пракса во текот на летото да се одржуваат протести на пристаништата на кои се закотвува „Crown Iris“, во, како што рекоа организаторите, знак на поддршка за палестинскиот народ, меѓутоа од крајбрежната служба на Грција го забранија собирот.

Ad
Ad